Ден

Намирници кои би требало да ги јадете барем еднаш неделно

Поради количината на стресот на кој сме изложени заедно со нездравиот начин на искрана и намаленото движење, ни се скратува животниот век. Меѓутоа, овој проблем може да се спречи со воведување на малите промени во вашата исхрана. Процесот на стареење може да влијае на вашето севкупно здравје, па крајно време е да ја „појачате“ исхраната.

Еве кои намирници би требало да ги јадете барем еднаш неделно:

Ореви

Тие можат да ви пружат добра доза на влакна, есенцијални масни киселини и минерали. Влакната се важни за варењето бидејќи помагаат да се чувствувате заситено. Од друга страна, масните киселини му штетат на вашето срце од можни проблеми како срцев удар. Минералите ќе им помогнат на органите да работат правилно.

Спанаќ

Зелениот зеленчук како спанаќот е препорачливо бидејќи има малку калории, но многу витамини, минерали и други неопходни хранливи состојки.

Авокадо

Не би требало да заборавите да изедете малку авокадо барем еднаш дневно бидејќи содржи здрави масти. Јадењето на ова овошје само или во салата може да ви помогне да го намалите холестеролот.

Аспарагус

Подгответе ги за вечера барем еднаш во неделата бидејќи се одличен извор на витаминот Б12 и фолна киселина, кои се неопходни за правилно функционирање на невролошкиот состав. Оние кои имаат ниско ниво на Б12 и фолна киселина склони се кон депресија.

Грчки јогурт со ниски масти

Грчкиот јогурт со ниска масленост не е наменет за губење калории, туку за да ви помогне да останете здрави. Пробиотиците кои се присутни во јогуртот ќе ви помогнат да ја сочувате цревната флора.

Темно чоколадо

Јадењето темна чоколада исто така може да го подобри вашиот крвен притисок. Темното чоколадо има флавноли кои можат да ве заштитат од УВ зрачењето. Но, не претерувајте, доволни се две коцки.

Можеби ќе ве интересира:

Фотографија која го заинтригира интернетот: Белучи никогаш во попровокативно издание

Холивудските медиуми тврдат: Најпосакуваниот ерген стапна на лудиот камен

Астрономски цифри: 23 милиони евра ќе ги чини Британците обезбедувањето на Меган и Хари