Ден

Најниска стапка на одобрување на азил во ЕУ имаат Македонците и Молдавците

Европската агенција за азил, ЕАСО, во својот извештај за 2019-та година, констатира дека прв пат е зголемен бројот на барања за азил во ЕУ, а растот се должи на лица од земји со кои ЕУ го укинала визниот режим.

Во текот на 2019 се поднесени над 714 илјади барања за азил во ЕУ, што е зголемување од 13 отсто во споредба со претходната година, за прв пат имало повеќе барања отколку за време на бегалската криза во 2015-та.

Но, вели ЕАСО, „зголемувањето не се должи главно на нередовната миграција туку на апликации од земји кои имаат слободен визен режим со Шенген“.

Најголемиот дел од растот доаѓа од големиот број апликанти на кои не им е потребна виза за влез во Шенген, што објаснува зошто барањата за меѓународна заштита се зголемени, а детектираните нелегални влезови на надворешните граници се намалени.

Меѓу нив се наоѓаат лица од Венецуела, Колумбија, Хондурас и Ел Салвадор, но и од западниот Балкан.

Меѓутоа, предупредува ЕАСО, лицата од западен Балкан имаат најмалку шанси да добијат каква било меѓународна заштита или статус на азилант.

Стапката на признавање на азилантски статус во ЕУ е 33 отсто, најмногу добиваат Сиријците со 85 отсто, Јеменците со 82 отсто и Еритрејците со 81 отсто, додека најниска стапка на одобрување на азил имаат Македонците и Молдавците со еден отсто и Албанците со шест отсто. Слаба е стапка на признавање и за лицата од Венецуела и Колумбија, меѓу пет и седум отсто.

Македонците се исто така меѓу лицата кои најмногу повторно аплицираат откако ќе бидат одбиени: една третина од нив го прави тоа и покрај фактот што имаат најмалку шанси да добијат.

Можеби ќе ве интересира:

Четиринаесет вработени во штпиското Инфективно одделение во самоизолација

(ВИДЕО) Спасовски, Шекеринска и Димитров со честитка по повод денот на НАТО

Возач на Брза помош и медицинска сестра од домашна посета заразени со коронавирус

×

Следете не