На денешен ден пред години ставен крај на династијата Романови

Револуционерите го принудиле на абдицирање рускиот цар Николај Втори кој престолот му го понудил на својот брат, големиот војвода Михаил, но тој следниот ден, под притисок, се откажа од круната, со што после три века завршило владеењето на династијата Романови.

Ова семејство е последната царска династија во Русија, кои од 1613 до 1917 биле на врховна власт во земјата. Членови на оваа династија се и Петар Велики, Екатарина Велика, Александар Први, како и Николај Втори.

Припадниците на Комунистичката револуција во 1918 ги егзекутирале последните членови на ова семејство, а тие биле предводени од Јаков Јуровски. Овој настан се случил во градот Екатеринбург. Убиени биле некогашниот император Николај Втори, неговата сопруга Александра, но и нивните деца Олга, Татјана, Марија, Анастасија и Алексеј.

Во текот на годините се појавиле многу измамници кои тврделе дека се членови на изгубената династија. Кога многу години подоцна посмртните останки на Николај Втори и семејството биле донесени во катедралата Петар и Павле во Санкт Петербург, многумина ја одрекувале автентичноста и не присуствувале на погребот.

Две од децата не биле пронајдени во големата гробница, што отворило подоцна сомнеж дека некои од нив можеби биле поштедени, но сепак по некое време со ДНК анализа се покажало дека две од телата што биле закопани настрана, всушност се Алексеј и една од сестрите.

loading...

Останати вести

Посетителите на замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирус на лице место

Elena Daskalova

Приведен државјанин на Албанија за фалсификувана возачка дозвола

admin

Казнети 439 лица кои не носеле маски

admin