Connect with us

Македонија

На Дојранско Езеро ќе се гради праисториска населба слична како во Охрид

На брегот на Дојранско Езеро ќе се гради праисториска населба со наколни живеалишта, каква што имало низ историските времиња. Сличен проект веќе сме виделе и на Охридското Езеро, познат како Заливот на коските.

Дојранското Езеро имало една од најбогатите наколни населби низ историјата, на четири платформи кои биле меѓусебно поврзани.

Со новиот музеј ќе се даде појасна слика за тоа како некогаш се живеело на брегот на ова езеро, кое низ годините беше неправедно запоставувано и од туристите и од властите.

Во текот на историските истражувања, биле пронајдени колци кои датираат од дамнешни времиња, што дава јасно сознание за тоа какви населби постоеле. Поради тоа е направен и овој проект за да биде и историска и туристичка атракција и да го подобри туризмот на Дојранско Езеро.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement