Ден

На повидок нова коалиција ВМРО-ДПМНЕ-Алијанса за Албанците?

Во денешната дебата во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, претставниците на опозицискиките партии, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Арбен Таравари од Алијансата за Албанците си разменија мноштво убави зборови и пофалби меѓусебе во однос на политиките и односите помеѓу двете партии.

Градоначалникот на Гостивар од АА, Таравари ги пофали ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека се реформирани и дека не се обидуваат да го блокираат законот за ЈО.

-После 3 години опозиција ги сметам ВМРО-ДПМНЕ за реформирани не би сакал ниту да помислам дека сакаат да направат опструкција на законот за Јавно обвинителство, изјави Таравари.

Веднаш по ова, Димовски му се заблагодари на Таравари за искажаните зборови по што додаде дека очекува од Алијансата за Албанците да понудат добра политичка програма на претстојните избори.

-Јас Алијансата за Албанците ги сметам за опозициска партија и сметам дека ќе имаат да понудат нешто ново на овие избори, некоја друга подобра политика, рече Димовски.

Моментално на политичката сцена траат преговорите околу тоа кој со кого ќе коалицира на претстојните парламентарни избори кои начелно се договорени да се случат на 12 април. Во јавноста и досега се шпекулираше дека овие две партии ќе направат коалиција по изборите, додека пак СДСМ повторно ќе се обиде да формира влада со досегашниот партнер од албанскиот блок, ДУИ.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не