Ден

Невремето во Србија со енергија на термонуклеарна бомба

Невремето проследено што зафати дело од соседна Србија имаше енергија на термонуклеарна бомба, против што беа истрелани 990 противградни ракети, изјави директорот на српскиот Републички хидрометеоролошки завод, Југослав Николиќ.

Тој посочи дека невремето кое ја зафати Србија пред два дена и кое е нетипично за овие простори, било предизвикано од циклон кој се движел од Медитеранот кон Балканот.

– Се создадоа најмоќни можни облаци од бура и градоносни облаци, суперклеточни кумулонимбуси, со врвна висина од над 16 километри, бурен ветер, поројни дождови и град – објасни Николиќ за РТС.

Според него, градот е природна непогода што не може да се спречи со какви било средства и штетата нанесена пред два дена би била поголема доколку не беа истрелани противградните ракети.

– Беа истрелани 990 ракети од осум противградни центри. Во Крушевац беа истрелани 610 ракети, што е апсолутен рекорд во последните 40 години на таа станица – рече Николиќ.

Тој оцени дека невремето зафатило третина од Србија или околу 2,5 милиони хектари.

– Од 2,5 милиони погодени подрачја, ние лоциравме градоносни јадра, односно 992.000 хектари, што е област која сигурно ќе беше оштетена доколку немаше заштита – рече Николиќ.

Тој додаде дека штетата сега се мери во промили, иако на одредени места е апсолутна и драматична за лицата чии имоти беа погодени.

Фото: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не