Ден

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

Фасцинацијата со Мерилин Монро не запира ни по шест децении од нејзината смрт, а нејзините начин на живот, нега и исхрана повторно излегуваат во јавност.

Од фотографиите и снимките можеме да видиме дека била негувана, особено знаејќи дека во тоа време немало фотошоп и ефекти на Инстаграм и Снепчет.

За Мерлинка знаеме дека не заспивала без да се намириса со Chanel N5, но и дека имала чудна диета со многу месо и протеини, без јаглехидрати.

Што се однесува на негата, таа била клиент во Институтот Ерно Ласло, од каде добила цело упатство за нега кое изгледа вака:

Наутро: Лицето и вратот се мијат со вода и наменски сапун, така што полни топла вода во леѓен, прави пена од сапунот, го масира лицето и потоа плакне. Потоа чистела со масен тоник и ставала крема за околу очи. Следен чекор е нанесување на матирачка секојдневна козметичка пудра. Истото важело и за вечерни излегувања и формални прилики, со тоа што козметичката се менувала со шминкерска пудра.

Пред спиење: Нанесувала витаминско масло на целото лице и вратот, па дури и на усните. Откако ќе делува 10 минути се практикува утринската рутина, но наместо дневната козметичка пудра, ставала прочистувачка крема, која служела како маска, а потоа се мие со свежа млака вода. Откако лицето ќе се исуши, се нанесува ноќна крема или третман.

Според советите на Институтот, таа не смеела да јаде ореви, чоколадо, маслинки, школки и остриги. Сите производи кои ги користела во својата скинкер рутина биле производство на самиот Институт. Целата процедура била направена соодветно на нејзиниот тип на кожа и животен стил. Некои од овие производи се уште достапни низ светот.

Она што треба од Мерилин да го научиме е дека ако на некој му одговара некој производ, не значи дека и нас ќе ви одговара. Некој може да помине со обичен хидратантен сапун и потхранувачка крема, а на други им требаат неколку производи за да може да се постигне ефектот.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Анастасија со нова балада за сите девојки кои биле повредени во љубовта (ВИДЕО)

×

Следете не