Ден

Нова 14 дневна вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност најави нова одлука за продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 денови што ќе почне да важи од утре.

Донесувањето на оваа одлука, рече, има за цел само да овозможи на Владата и на институциите за ефикасно да се справуваат, пред се, како што рече, со здравствените, но и со економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од ковид-19 и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес.

„Благодарност до мнозинството на граѓани кои три месеци останаа дисциплинирани, но да не се опуштаме и докрај да останеме совесни и одговорни во битката со ковид вирусот“, рече Пендаровски.

Третата одлука за вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот што исто така беше со времетраење од 14 дена, претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 15 мај и завршува денеска. Почнувајќи од 18 март, тој досега донесе три одлуки за прогласување на вонредна сотојба. Првите две се однесуваа на период од 30 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не