Нови предлози за олеснување на рестрикциите – полициски час од полноќ до 5ч наутро?

Изминатиот период е забележен тренд на намалување на бројот на заразени со коронавирусот, се испишуваат голем број пациенти кои оздравеле, а се прават соодветно на тоа и помалку тестови.

Поради тоа, министерот Венко Филипче ги објави на Фејсбук најновите предлози за можни олабавувања на мерките, соодветно на моменталната епидемиолошка состојба, кои треба да бидат донесени и усвоени на седница на Владата:

➡️Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро.
➡️Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
➡️Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
➡️Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
➡️Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори.

loading...

Останати вести

Казнети 439 лица кои не носеле маски

admin

Шилегов, Богоев и Ганиу не се чувствуваат обесправдени поради владината помош за Арачиново

admin

Денеска е Благовештение – Благовец

Elena Daskalova