Ден

Нови 756 починати во Италија од коронавирусот

Италија во неделата попладне објави дека регистрирала еднодневно зголемување на бројот на заразени од коронавирус за 3.815, со што вкупниот број заразени е 73.880, според „Кориере дела сера“.

Во Италија 10,779 луѓе починале од ефектите на коронавирусот досега, што претставува еднодневно зголемување за 756 случаи или 7,54 проценти. Вчера во таа земја имаше 889 починати.

Бројот на закрепнати лица од „КОВИД-19“ се искачи на 13.030, што претставува дневно зголемување за 646.

Во италијанските болници во моментов има 27.386 лица со симптоми на коронавирус. 3.905 се на интензивна нега, додека 42.588 се во домашна изолација.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, 97.689 луѓе во Италија се позитивни на вирусот (тука се пресметани и починатите и излекуваните).

Ројтерс известува дека бројот на загинати од коронавирусот во Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион, е зголемен за 416 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 6.360.

Во споредба со 542 смртни случаи во саботата, денешните 416 претставуваат значителен пад на бројот на нови случаи. Бројот на заразени во регионот се зголеми за 1.592 во последните 24 часа и сега изнесува 41.007 пациенти.

Споредено со 2.100 нови инфицирани во саботата, 1.592 нови случаи забележани во неделата претставуваат пад на новозаразени.

Можеби ќе ве интересира:

Невремето во Србија со енергија на термонуклеарна бомба

Александар Тодески

Трамп: Нема да ја затвориме земјата ако има втор бран од коронавирусот

Александар Тодески

Бајден во водство од 11 проценти пред Трамп

Александар Тодески
×

Следете не