Ден

Нови 89 заразени и седуммина починати од коронавирусот

Во последните 24 часа се регистрирани 89 новозаразени и седум починат од коронавирусот, потврдуваат од Институтот за јавно здравје. Вкупно се направени 727 тестови, а регистрирани се 17 оздравени пациенти.

Од заболените, најголем број, односно 35 се од Скопје, 27 од Штип, 12 од Куманово, седум од Тетово, четири лица од Кочани и по еден од Прилеп, Гостивар, Струмица и Свети Николе.

Зголемувањето на бројот на заболени лица не се должи на намалувањето на рестрикциите, бидејќи истите се намалени пред пет дена, односно бројката на новозаболени е од деновите кога во земјава имаше полициски час и не работеа рестораните и кафулињата.

Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести веќе размислува како да се спречи ширењето, со оглед на тоа што новите жаришта се неколку општини во Скопје и градот Штип. Неофицијално, се размислува за воведување на локални карантини или пак полициски час во општините.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во 15 часот на прес конференција ќе соопшти какви препораки дала Комисијата и што ќе се преземе за намалување на бројката, која деновиве е повисока од очекуваниот пик, кој пак требаше да помине пред еден месец.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не