Ден

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за пациенти заразени со коронавирус

Докторот Седула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина изјави дека се обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти болни од ковид-19.

„Во оваа установа е изготвен и протокол за дарување на плазма. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат искористувајќи секаков начин и тоа преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со директно јавување, а во последно време и преку социалните мрежи, само да даруваат и да помагат на нашите пациенти. Овој здравствен предизвик не сплоти и соедини сите нас, за да го победиме вирусот. Министерството за здравство следејќи ги најновите достигнувања на третман на пациенти со ковид-19, даде согласност за да се воведе протоколот за дарување на конвалесцентна плазма и секојдневно ја поддржува кампањата за дарување на плазма“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.

Лицата кои сакаат да донираат треба да се оздравени од ковид-19, да имаат потврда дека биле заразени, но и два негативни теста во рок од 24 часа и најмалку 21 ден без симптоми на болеста, по што се прави и трет контролен тест.

Постапката за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години, со телесна тежина поголема од 60 килограми и кое ги исполнува наведените критериуми.

Потенцијалните дарители може да се пријават преку ОВАА КОНТАКТ-ФОРМА.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не