Ден

Ова е избраната песна за Евровизија

По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам.

Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“.

Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција.

Можеби ќе ве интересира:

Пинк и нејзиниот син го прележале коронавирусот

Најздравиот пијалак од ѓумбир и куркума

Опра донира 10 милиони долари за борбата со пандемијата

×

Следете не