Ден

Ова е најновата одлука: Што ќе се случи со Евровизија

Европската радиодифузна унија *(ЕБУ) денеска објави службено соопштение во врска со подготвоките за Евровизија, која би требало да се одржи на 12,14 и 16 мај во Холандија.

ЕБУ ја надгледува ситуацијата во врска со ширењето на коронавирусот и се придружува до советите и насоките на СЗО и националните здравствени тела.

„Соработуваме со холандските надлежни тели и градот Ротердам со цел да ги истражиме потенцијалните сценарија за Евровизијата 2020. Меѓутоа, со два месеци до настанот и ситуација која брзо се менува и во Холандија и во земјите кои ќе учествуваат, се уште е прерано за донесување конечни одлуки“, се вели во соопштението.

„Имаме се предвид, продолжуваме да работиме како тим на подготовките за 65. Евровизија во Ротердам“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не