Ден

Овие хороскопски знаци се најголемите хипохондрици

Зодијакот ја дефинира нашата личност и ни покажува начини на кои размислуваме и како се однесуваме. Така е и со здравјето, односно нашиот пристап кон болестите. И при најмала болка, следниве пет знаци веднаш помислуваат на најлошото.

1. Девица

Девицата е најголем хипохондрик. Постојано прави некои истражувања и замислува дека е болна. Во некои случаи може да премине и во опсесија. Затоа, постојано го чисти својот дома, мие раце, а се плаши од вируси и бактерии, па постојано се штити од грип и се затвара дома кога ќе започне сезоната.

2. Јарец

Ним им е најтешко да се изборат со сопствените стравови, а еден од нив е болест. Нивниот страв од болест е толку голем што со него не може да се соочи, па одбегнува да оди на доктор. Затоа, сурфа на интернет и се обидува да најде објаснување за симптомите кои ги чувствува во своето тело. Панично се плаши од немоќ а болеста за него е токму тоа.

3. Риби

Рибите се склони кон тоа да замислуваат работи. Имаат голема фантазија и често го гледаат она што го нема. Така е и со болестите. Лесто паѓаат на паниката, па ќе заминат да боледување, ќе се осамостојат и ќе избегнуваат контакт со другите. Сакаат некој да се грижи за нив и склони се кон самосожалување, па ќе измислуваат болести иако нема смисла.

4. Рак

За разлика од претходните знаци, тој не размислува за болест, се додека не се појават некои сериозни здравствени пречки, па тогаш настанува паника. Знаат дека не смеат да сурфаат по интернет бидејќи така ќе дојдат до информации со кои ќе го замислуваат најлошото. Дури и се склони да кријат од останатите кога не се чувствуваат најдобро бидејќи ќе го натераат да оди на лекар, а тој несака. Но, стравот од најлошото не му дава мир. Потади својата пречувствителност, склони се кон тоа да ги замислуваат најлошите сценарија.

5. Вага

Вагите не паничат кога се работи за здравје, но здравствените пречки и склоноста кон замислување болести не им помага во ништо. Станува збор за привлекување внимание: види ме, болна сум, биди до мене, сакај ме. Затоа, кашлицата ќе се претвори во бронхитис, а температурата во опасно воспаление на белите дробови. Вагата тоа го користи со надеж дека оние кои ја сакаат ќе потрчаат да и помогнат и да ја чуваат. На доктор нема да отидат, освен кога работите нем да заминат предалеку.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не