fbpx
Connect with us

Македонија

Од прес конференција на „Отворен Балкан“, Заев се збогуваше со функцијата премиер

Од седмиот самит на „Отворен Балкан“, каде учествуваше и новиот лидер на СДСМ и иден премиер, Димитар Ковачевски, премиерот во оставка Зоран Заев најави дека денеска му е последен ден од претседателската функција во владата. Тој посочи и дека

„Во последниот ден како премиер на Северна Македонија, огромни се и честа и задоволството што уште еднаш директно учествувам и придонесувам во остварувањето на благородната мисија на иницијативата „Отворен Балкан“. Уште на почетокот на оваа иницијатива, јас и моите колеги, другари и браќа, Александар Вучиќ и Еди Рама нагласивме дека „Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички проект инициран од Северна Македонија, Србија и Албанија за добробит на сите земји од регионот“, истакна тој.

Заев потенцираше дека „Отворен Балкан“ се издига на европските идеи и вредности кои се секогаш поголеми и попривлечни од европската администрација и во тоа име оваа иницијатива e силен придонес кон големите идеи и вредности на Европската Унија, придонес кој регионот не го носи на ниту едно друго место, туку единствено поблиску до самата Унија.
 
„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи кои го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, рече Заев на прес-конференцијата.
 
Премиерот Заев ја истакна поддршката на САД и на ЕУ за оваа иницијатива и подвлече дека оваа поддршка потврдува дека спроведуваме одржлив процес за заеднички економско-политички простор на Западен Балкан со конкретни придобивки за сите наши граѓани.
 
Заев додаде дека „Отворен Балкан“ е процес од кој нема враќање и дека во силните потенцијали на иницијативата остануваат идеите што веќе ги разговаравме и кои треба да бидат дел од следната фаза на нова, значајна соработка, и нагласи дека наредните конкретни чекори се очекуваат во соработката во туризмот, во винската индустрија и во соработката во сферата на културата, младите и спортот.
 
Во пораката до Вучиќ и Рама на прес-конференцијата Заев истакна дека „Отворен Балкан“ треба и понатаму да се негува и развива и дека потенцираше дека, како негов наследник Димитар Ковачевски, подеднакво силно ќе биде посветен на овој процес и дека ќе даде свој личен значаен придонес.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement