Од утре нема полициски час, се враќаат забавите во дискотеките

Предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за олабавување на мерките помина на владина седница – од утре нема полициски час, а по повеќе од една година се враќаат забавите во ноќните клубови и ќе може да се организираат и концерти, со капацитет од 50% на објектот и не повеќе од 1.000 лица во еден објект.

Зелено светло доби и предлогот да нема ограничување на бројот на гости на свадбите, а ова големо ослободување се должи на проценката на Комисијата дека состојбата со коронавирусот е стабилна и го дозволува истото.

По долг период, завчера се забележаа првите 24 часа без починат од коронавирусот во Македонија. Вчера беше забележано едно починато лице, додека пак денешните статистики покажуваат 29 новозаразени од 2.887 тестови и ниту едно починато лице.

Во моментов има 420 активни случаи од коронавирус на територијата не целата држава.

loading...

Останати вести

Приведен вевчанец за закани со убиство кон Заев и Пендаровски

admin

Четворица приведени за „Јавна соба“, на Телеграм нова група за членовите

admin

Вакцинацијата ќе почне во среда со здравствените работници

admin