Од јуни свадби по протоколи?

Доколку трендот на заразата од коронавирусот се намалува со истото темпо, а истовремено продолжува вакцинацијата без никакви проблеми, рестораните ќе можат да организираат свадби со посебни протоколи, дознава неофицијално „Ден“.

Според информациите, комисијата за заразни болести веќе го подготвила сетот мерки според кои ќе може да се организираат свадби и прослави, но тие ќе бидат презентирани кон крајот на месец мај, а ќе почнат да се имплементираат од јуни, бидејќи до тогаш се очекува големо намалување на заразени од коронавирусот и голем број на вакцинирани граѓани во целата држава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, официјално не октрива дали и кога ќе почнат да се организираат свадби на отворените тераси на рестораните во кои се организираат свадбени прослави.

„Сега не можеме да ги дозволиме свадбите и концертите, бидејќи имаме проценка дека таму луѓето нема да ги почитуваат мерките, односно нема да ја држат потребната дистанца од два метра“, посочи Филипче.

Во меѓувреме, комисијата предложи нови мерки, според кои полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до пет часот наутро, додека пак со работа ќе почнат фитнес центрите и теретаните. Работното време на угостителите ќе се зголеми до 23:30 часот, а истите гости можат да примаат само во отворениот дел од објектите.

loading...

Останати вести

Заев и министрите ќе одговараат на пратенички прашања

admin

Филипче: Ако остане стабилна состојбата, угостителите ќе работат до 21 часот

admin

Макрон ја губи популарноста кај Французите, веројатно нема да добие втор мандат

Elena Daskalova