fbpx
Connect with us

Дневно

Омикрон: Мутација која нè загрижува, но и ветува стабилизирање на ковид-состојбата во светот

Во моментов во светот доминантен е делта-сојот, но со појавата на омикрон, се појавија и различни претпоставки, како и надежи дека крајот на пандемијата можеби е блиску.

Што вели СЗО за омикрон?

Омикрон, кој е регистриран во повеќе од 60 земји, е „многу висок“ глобален ризик и има индикации дека е отпорен на вакцината, но недостасуваат податоци за реалната опасност, соопшти Светската здравствена организација.

Според нив, за сојот кој се појави во Јужна Африка, иако теоретски е помалку опасен од делта, сепак тој брзо се шири и сегашните вакцини можеби и немаат висока ефикасност против него. Сепак, повеќе податоци ќе има во следниот период, кога ќе можат да се доистражат излечените. Во меѓувреме, Велика Британија пријави најмалку еден смртен случај на лице заразено со омикрон.

Омикрон и вакцините

Како што наведовме, постоечките вакцини „покриваат“ широк спектар на соеви на коронавирусот, но некои мутации се поинакви од претходните, меѓу кои и омикрон.

Праксата која се применува во светот е по примени две дози од која било вакцина, да се прими трета-бустер доза, која би го засилила имунолошкиот одговор на организмот. Притоа, како засилувачки дози се користат, барем засега, вакцините Фајзер и Модерна. Во Македонија на располагање имаме само Фајзер, со тоа што за бустер доза треба да поминат три месеци по вакцинација со Синофарм или Синовак, односно шест, по примени Фајзер, Астра Зенека или Спутник В.

Во меѓувреме, Модерна најавија реформулација и прилагодување на нивната вакцина, додека пак Фајзер стојат на тоа дека со сегашната формулација и три дози, лицето добива висока заштита од хоспитализација и тешка клиничка слика при зараза со омикрон. Рускиот институт Гамалеја најави дека доколку е потребно, ќе се доработи и вакцината Спутник В, за да штити од овој сој.

Според Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија, ефикасноста на две дози Фајзер при зараза со омикрон паѓа на 40%, но со примена бустер доза изнесува околу 75%. За Астра Зенека, сметаат дека по трета доза според насоките, ќе има комплетна заштита од 70% од тешка клиничка слика и хоспитализација.

Симптоми на зараза со омикрон

Според јужноафриканските научници и лекари, потребно е уште време за да може да се донесат заклучоци за симптомите, но од она што досега може да се види, симптомите на болеста се лесни, а нема пораст на просечниот број на смртни случаи.

Пациентите кај кои е потврден омикрон, најчесто пријавуваат симптоми како суво грло, мускулна болка, плитко дишење, главоболки, промени или губење на сетилата за вкус и мирис, но и дигестивни симптоми, како и сува кашлица. Токму лесните симптоми даваат надеж дека коронавирусот заслабнува и дека би можел за брзо време да стане вирус кој предизвикува вообичаена настинка која се лечи со одмор, парацетамол и витамини и чаеви.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement