Ден

Оние кои одат на работа за време на полицискиот час ќе добијат пропусница од фирмите

Сите компании чии вработени имаат пореба да се движат додека трае полицискиот час, ќе им се издаваат пропусници од страна на самите компании, појасни минситерот за здравство, Венко Филипче.

„Не важи за здравствени работници, МВР и Армијата. Сите оние компании кои имаат потреба, како и за производствените капацитети за храна, самите компании ќе издадат пропусници и согласно тие пропусници ќе може да се движат кон нивните работни места“, рече Филипче.

Тој апелираше да се почитуваат мерките, додавајќи дека нема место за паника. Филипче нагласи и дека меѓу оние кои со пропусница ќе може да се движат додека трае полицискиот час се и вработените на фирмите кои вршат дистрибуција.

Можеби ќе ве интересира:

Исчезна момче од Скопје

Во Дебар нема прекршувања на мерките од Владата

Македонски концепт: Неаргументирани критики, лажни вести и меѓусебни обвинувања, нема да помогнат во ситуацијата (ВИДЕО)

×

Следете не