Ден

Оперска куќа во Сиднеј дезинфицирана поради Том Хенкс и неговата сопруга

Рита Вилсон во саботата навечер пеела во арената Utzon Room во Сиднеј, каде ја гледале и слушале 207 луѓе, вклучувајќи го и сопругот Том Хенкс.

Том Хенкс и неговата сопруга се првите познати лица, дијагностицирани со коронавирусот, откако не се чувствувале добро за време на нивниот престој во Австралија. Двајцата се во болница и според странските медиуми во добра здравствена состојба.

По сознанието дека парот е позитивен на коронавирусот, Операта во Сиднеј ги контактирала здравствените власти и спонзори, како и лицата кои биле во контакт со нив.

– Од тогаш спроведовме одреден број здравствени и сигурносни мерки, вклучувајќи и чистење на сите простории со силни, болнички сретства за дезинфекција – соопштиле од операта.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

×

Следете не