Опозиција која предизвикува опструкции на штета на населението

Петтиот пакет економски мерки за помош на граѓани погодени од кризните мерки против ковид-19 се уште е заглавен во собраниска процедура.

Причина за тоа се големиот број амандмани, како и одбивањето на опоцизијата да учествува во носење на антикризните мерки. Притоа, сето тоа е на штета на граѓаните, особено поради организирањето протести во време кога државата се наоѓа во стабилен, но сериозен пик на заразата, реагира Министерството за здравство.

„Во време на полициски час и затворени објекти, како би спречиле вирусот Ковид 19, да се шири, ВМРО ДПМНЕ одбира да прави партиски собири и да ги крши мерките по којзнае кој пат. Грижата кон граѓаните погодени од ковид кризата, опозициската ВМРО ДПМНЕ, ја покажа и докажа синоќа во Собранието. ВМРО ДПМНЕ одбира да биде на страната на манипулациите, лагата, смислени сценарија за наводни криминали провизии. Министерството за здравство жали што опозициската партија одбива да искористи ефикасен и конструктивен демократски механизам туку единствено што прави ја опструира работата на здравствените работници кои се на правата борбена линија на ковид пандемијата“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

loading...

Останати вести

Позитивен на коронавирус и со решение за изолација излегол да гласа во Штип

admin

Матурата ќе се одржува согласно скратените програми и здравствените протоколи

admin

Македонските градежници изградиле над 2300 станови во 2020 година

admin