Connect with us

Дневно

Организаторите на 27 април добија затворски казни од вкупно 25 години

Ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски се осудени за организација на крвавиот упад во Собранието на 27 април 2017 година, кога во Законодавниот дом беа тепани пратеници и новинари.

На Јанакиески, Ристовски и Атанасовски во затворската казна им се засметува и времето кога истите беа притворени.

Јанакиески и Ристовски добија затворска казна од 6 години и три месеци, Вељаноски 6 ипол години, а Атанасовски 6 години затвор. Судијата посочи дека позицијата на обвинетите на политичко ниво, како и фактот дека иако биле свесни што може да се случи и дека го презеле ризикот е отежително ниво.

Судечкиот совет според доказите донесе одлука дека овој кривично-правен настан е плански мотивиран и реализиран за да се сочува власта. Судот им ја ублажил казната на осудените бидејќи имале примерно поведение, но и сметајќи дека истите казни ќе бидат доволни осудените да не ги повторат делата.

За обвинетите, обвинителството побара притвор додека оваа пресуда не биде правосилна, образложувајќи дека истите биле долги години на функции, па ако истите бидат на слобода, можно е да се дадат во бегство.

Судот не го спори ниту учеството на експремиерот Никола Груевски, кој е недостапен на органите на прогонот бидејќи е азилант во Унгарија, како и на избеганиот ексразузнавач Никола Бошковски, но за нив е сопрена постапката токму заради фактот што едниот е во Будимпешта, а другиот во соседна Грција.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement