Отворен сефот со тајни информации на Тачи

Само 24 часа откако поранешниот косовски претседател Хашим Тачи поднесе оставка поради обвинението поднесено од Специјалниот суд, имало обид за грабеж на неговиот сеф. Според „Газетаблиц“, станува збор за сеф полн со тајни документи во косовското претседателство.

Поради тоа е најавено дека директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово ќе го извести Одборот за безбедносно собрание за овој случај, пренесува Бета. Извори на медиумот велат дека во тоа учествувале секретарот на косовското претседателство, Дритон Гаши, и службено лице кого го претставил како инспектор на Агенцијата за разузнавање на Косово (КИА).

На 6 ноември, Гаши, наводно, ја информирал советничката Вјоса Османи, која ја врши должноста претседател на Косово, дека ЕУЛЕКС ќе изврши официјален претрес во канцеларијата на поранешниот претседател Тачи, но претставниците на ЕУЛЕКС го негираа тоа.

Потоа заедно со соработници на сегашната в.д. претседателка, влегле во канцеларијата каде што бил отворен сефот во кој се чуваат доверливи документи. Неколку минути подоцна, Османи пристигнала во канцеларијата и побарала објаснување од Гаши, по што сефот во нејзино присуство сепак бил отворен, пренесуваат медиумите.

Секретарот на претседателството на Косово, Дритон Гаши, претходно беше директор на КИА, а по неговото депортирање на шест турски државјани, тој беше заменет со поранешниот премиер Рамуш Харадинај. Потоа го назначи за секретар на претседателството.

loading...

Останати вести

Се активираше Етна: Густата пепел летала 5 километри во височина

admin

Заев: Телеграм да ја избрише „Јавна соба“ или ќе има рестрикции на мрежата во Македонија

admin

За 24 часа примени 20 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

admin