fbpx
Connect with us

Дневно

Партиите избраа лидери, наместо честитки, си разменија обвинувања

Вчерашниот ден на избори во двете најголеми партии во Македонија го доби очекуваниот исход – Резибор на Христијан Мицкоски на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ и избор на Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ.

Двајцата со говори насочени кон партијата, а од позадина, двете партии со меѓусебни обвинувања за тоа чиј избор бил легитимен и кој бил чиј пиун. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш го обвинија Ковачевски дека одработува за неговиот претходник и премиер во заминување, Зоран Заев.

„Вчера Заев ја заврши фарсата во СДСМ и го постави својот пиун Ковачевски. Токму Ковачевски е тој кој што треба да биде спроведувач на заевизмот. Членството на СДСМ виде со кого си има работа, виде дека всушност партијата им е заробена и претворена во приватна компанија на кланот Заеви. Оттука во СДСМ после театарот избор на нов лидер, ништо не е сменето. Заев и заевизмот уште владеат со партијата, истата матрица, истите флоскули, истите штетни политики кои доведоа до тоа Македонија да тоне во корупција, економска, енергетска и здравствена криза“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак, посочуваат дека опозициската партија е нереформирана и дека однапред се знаел исходот, односно реизборот на единствениот кандидат, Христијан Мицкоски.

„Над 44.000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори со тајно гласање го избраа новиот претседател на партијата. Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес каде се однапред се знаеше, со само еден кандидат одлучи да остане истата нереформирана партија. Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана“, велат од СДСМ.

И додека партиските честитки се однесуваат за кандидатите од своите редови, ниту еден од нив не го честиташе изборот во спротивниот табор, туку напротив, со по едно кусо соопштение си разменија низа обвинувања на своја сметка.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement