fbpx
Connect with us

Магазин

Парфем-тестер или комерцијално пакување: Која е разликата и кои се најчестите митови?

Кога сте во парфимерија и кога сакате да испробате некој парфем, можете да најдете тестер-шишенце на полицата или да побарате од вработените да ви помогнат.

Тестер е шише со парфем кое служи за, како што и самото име кажува, тестирање на парфемот пред да го купите, за да знаете што всушност добивате. Има луѓе кои се вешти во „отклучување“ на мирисот само според нотите кои се наведени, но повеќето мора да тестираат пред да вложат пари.

Денеска ќе се задржиме повеќе на темата тестери. Што се тие? Дали е вистина дека во нив има поквалитетен парфем за да ве „навлечат“ да го купите? Има ли логика и смисла во зборот „оригинал тестер“ кој го среќаваме често на социјалните мрежи? Дали се исплатлива варијанта наместо комерцијалното пакување?

Ќе ги одговориме сите прашања во продолжение:

Што е тестер од парфем?

Се работи за шишенце кое е земено од линијата на производство и предвидено за испробување. Во принцип, парфемите во вакво купување не се наменети за комерцијална продажба, но на еден или друг начин можат да дојдат во ваши раце. Нивната цена е нешто пониска од онаа на парфемот во целосно пакување, бидејќи производителот го нема тој дополнителен трошок. Значи, ќе ги најдете со обична картонска кутија на која е испечатен или залепен баркодот на производот или пак е наведен batch-кодот на пакувањето.

Ако ви дојде вакво пакување во раце, имате целосно право да се сомневате во автентичноста, знаејќи колку се злоупотребува достапноста на тестерите за измами.

Автентичноста ќе ја препознаете по тоа што и тестерот ги има идентичните карактеристики како парфемот. Понекогаш, како тестери се класифицираат шишенцата на кои има некоја сосема ситна несовршеност, како гребаница или воздушно меурче во стаклото. Тоа не менува ништо, но при контрола на квалитет, таквиот производ не може да заврши во комерцијално пакување.

Дали се автентични „оригинал тестерите“ кои ги гледаме на продажба на социјалните мрежи?

Ова е многу деликатно прашање. Фалсификувањето е доведено до совршенство и дури и познавачите на парфеми можат да наседнат на овие реклами. Во денешно време, се чини, е многу лесно да се направи копија на пакувањето, па дури и на мирисот. Главниот индикатор дека продуктот не е легитимен е неговата цена.

Знаејќи дека тестерите излегуваат од истата производна линија како и комерцијалните пакувања, трошокот за нивно производство е приближно ист. Со тоа, истата цена на тестерот нема никаква смисла и логика, бидејќи не може да има фиксна цена и за Диор и за Том Форд и за Шанел и за Келвин Клајн. Се работи за парфеми со различни ценовни рангови и достапноста на тестерите за 1000, 1500 или 2000 денари (цел асортиман по таа цена) нема никаква оправданост.

Исто така, може да се забележи дека дизајнот на кутијата е речиси ист како оригиналот, со додаден збор „тестер“. Легитимните тестери најчесто се во целосно бели или кафеави кутии, на кои е одбележано од кој бренд се. Но и покрај тоа, содржат информации за производителот, како што е адресата и матичната компанија.

Од ова, можеме да заклучиме дека легитимниот тестер е секако оригинален, така што популарното тврдење воопшто нема смисла.

Дали тестерите се поквалитетни за да ве навлечат на купување?

Овој мит постои уште од моментот кога парфемите станале достапни за тестирање на овој начин, но мора да ве разочараме дека нема ни малку вистина во оваа изјава. Содржината е идентична како и онаа во спакуваните парфеми што стојат покрај тестерот. Разликата, како што рековме, е само во начинот на кој парфемот е спакуван.

Зошто добиваме впечаток дека тестерите се поинтензивни и поквалитетни?

Кога добивате сосема нов парфем, течноста внате е во вакуум, кој се истиснува со првите неколку прскања. Ако добро се сетите, секогаш е потребно еднаш до двапати да го притиснете распрскувачот за да може да ја повлече течноста и да распрска. Со оваа активност, внатре влегува и мала количина воздух, која започнува и бавен процес на оксидација, но и испарување на иницијалната алкохолна содржина.

Потоа, во парфимерија тие се изложени под рефлектори, кои и светат и загреваат. Токму поради тоа парфемот кој сте го пробале ви се чини како поинтензивен и потраен од оној кој го купивте. Доколку го оставите и вашиот парфем без капаче, изложен на светлина постојано, за кратко ќе го „изедначите“ со тестерот.

Но, зошто не треба да го правите тоа? Во парфимериите тестерот се троши за кратко време, особено во ланците каде има повеќе посетители. Но, дома ќе го користите вие и евентуално други членови од семејството. Неправилното чување му го крати рокот на траење и може многу да го измени мирисот. Со тек на време ќе мириса исто како тестерот, но може да поминат и до две години додека тоа да се случи.

Зошто овие тврдења немаат смисла?

За производителот да произведе посилен парфем за тестери и послаб за комерцијално пакување, потребно е да создаде две формули од парфемот, да постави две производни постројки или да го полни истиот производ за подолг временски период. Трошењето повеќе ресурси за нешто што го добивате по пониска цена (ако купувате тестер) нема никаква маркетиншка оправданост.

Исто така, парфемот не станува послаб со додавање вода или алкохол, ниту пак станува посилен со додавање екстракт. Ако се прави тоа, всушност не е истиот парфем. Илустративно, за да разводните парфем кој содржи во себе цитрусни масла и дрвенести масла, ќе ви треба помалку растворувач за цитрусите, а повеќе за дрвенестите ноти, за да дојдете до истиот мирис во различна концентрација. Разредувањето и зајакнувањето на одреден парфем е комплексен процес, кој бара повеќе работа од едноставно мешање на алкохол и вода во основниот парфем. Токму поради тоа имаме парфеми во концентрации како тоалетна вода, парфемска вода, екстракт, чисто парфемско масло, интензивна варијанта и така натаму.

Како што можете и самите да видите, тоа е многу време, пари, работа и ресурси за да направат неколку шишиња кои ќе навлекуваат купувачи. Ако тоа се случува, цените на комерцијалните пакувања би биле уште повисоки отколку што се сега.

Постои ли исплатливост во купувањето тестери?

Тие се поевтина варијанта на парфемот, бидејќи немаат комерцијално пакување. Имајте предвид дека и не се лесно достапни и дека од некои парфеми е тешко да се пронајде тестер-пакување. Некои луѓе сакаат целосна комерцијална презентација, наместо обично картонско пакување, а на други не им е важно, бидејќи го сакаат мирисот.

Крајни клучни поенти:

  • Тестерите не се појаки од парфемите во комерцијално пакување.
  • Нивната цена не може да биде иста за сите брендови.
  • Внимавајте и чувајте се од измами, бидејќи фалсификаторите својата работа ја доведоа до совршенство.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement