Ден

Пациентите кои имаат коронавирус во Њујорк примаат огромни дози на витамин Ц

Пациентите кои се сериозно болни од коронавирусот во државата Њујорк примаат огромни дози на витамин Ц. Ова се заснова на ветувачки извештаи дека им помогнал на луѓето во тешко погодената Кина.

Д-р Ендру Г. Вебер, пулмолог рече дека неговите пациенти со коронавирус на интензивна нега веднаш добиле 1.500 милиграми интравенски витамин Ц.

Идентични количини на моќниот антиоксиданс се применуваат три до четири пати на ден, рече тој.
Оваа доза е 16 пати поголема од дневната препорака на витамин Ц во исхраната од страна на Институтот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.

Во болниците во Њујорк се водат од експерименталниот третман што се применува на лица со коронавирус во Шангај, Кина, истакна Вебер.

„Кај пациентите кои примале витамин Ц, настапило значително подобрување од оние кои не примале витамин Ц“, рече тој.

Инаку, клиничкото испитување на ефикасноста на интравенскиот витамин Ц кај пациентите заразени од коронавирусот започна на 14 февруари во една болница во Вухан.

Можеби ќе ве интересира:

ВИДЕО: Пожар околу нуклеарната централа во Чернобил, радиоактивноста зголемена за 16 пати

Александар Тодески

Борис Џонсон со засилени симптоми од коронавирус пренесен во болница

(ВИДЕО) Кралицата Елизабета: Оваа пандемија го смени светот, заедно ќе ја пребродиме кризата

×

Следете не