Ден

Пендаровски: Ако владата предложи, јас ќе бидам прв кој ќе се откаже од платата

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека ако владата предложи, тој би бил првиот кој би се откажал од платата, за да биде пример за другите избрани и именувани функционери.

„Се согласувам со последниот сет на мерки од владата, со кои почнувајќи од мене па се до функционерите на локално ниво ќе земаме минимална плата. Не беше добра мерката дека и вработените во јавната администрација треба да примаат минималец. Ако владата предложи мерка, јас ќе бидам првиот кој ќе се откаже од платата“, рече Пендаровски.

Според него, ако денеска изминуваат 30 дена, вонредната состојба сигурно би била продолжена, но треба да се почека да изминат уште 16 дена за да се донесе нова одлука длаи ќе се продолжи вонредната состојба.

Можеби ќе ве интересира:

Рекордни 120 новозаразени од коронавирус, 67 од нив се од Скопје

Тачи: ИВЗ и Бујар Османи се единствените одговорни за ситуацијата со коронавирусот

Александар Тодески

Мицкоски призна дека седел во ресторан во Дебар Маало, вели дека не ги знаел протоколите

×

Следете не