Ден

Пендаровски на средба со колегите од Финска, Кипар и Грузија во Израел

Претседателот на Република С. Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот, имаше средби со неколку шефови на држави учесници на форумот.

На средбата со претседателот на Финска, Саули Нинисто, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил за принципиелната поддршка за нашата европска перспектива за време на изминатото шестмесечно финско претседателство со ЕУ и нагласил дека двете држави градат пријателски односи.

Пендаровски, на средбата со Никос Анастасијадис, претседател на Кипар, изрази задоволство од воспоставените дипломатски односи и истакна дека С. Македонија е целосно подготвена за заеднички развој на пријателски односи со Кипар во областите од заеднички интерес, особено во културата, трговијата и туризмот.

Со претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили, беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави и можностите за нивно унапредување, при што беше истакната потребата од воспоставување на билатерална правна рамка во сите области од взаемен интерес, како основа за натамошно продлабочување на соработката, особено во областа на економијата.

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Александар Тодески

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не