Ден

Пендаровски на 56. Минхенска безбедносна конференција

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до 16-ти месецов учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Тој присуствувал на отворањето на конференцијата, на кое се обратил претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и претседавачот на конференцијата, амбасадорот Волфганг Ишингер.

– Предвидено е претседателот Пендаровски попладне да говори на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Оттаму информираат дека Пендаровски во недела ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција и додаваат оти е предвидено за време на учеството на конференцијата да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

– Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн., се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира:

Мицкоски со предлог за „шпицен кандидати“ за мандатар на идната влада, Заев ќе биде носител на листа во четвртата ИЕ

Две лица сомнителни за инфицираност со коронавирусот побегнале од Штипската болница

Ременски: Поднесов 16 кривични пријави против 6 министри и експремиер, затоа сум обвинета за „Рекет 2“