Ден

Пендаровски: Сметам дека нема потреба од воведување на полициски час од 24 часа

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба во моментов прогласување на кризна состојба, пред се поради економските импликации. Тој посочи дека ниту на седницата, ниту пак главниот штаб во владата не разгледувале воведување на полициски час кој би траел 24 часа.

„Разгледувавме на минатата седница на советот за безбедност, воведувањето кризна состојба на целата територија не е потребно, пред се и над се заради економските состојби. Во однос на тоа што владата има и законодавна и извршна власт, во време кога Собранието не работи“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека се согласува со владините мерки, тој и сите останати избрани и назначени функционери да земаат минимална плата.

 

Можеби ќе ве интересира:

Рекордни 120 новозаразени од коронавирус, 67 од нив се од Скопје

Тачи: ИВЗ и Бујар Османи се единствените одговорни за ситуацијата со коронавирусот

Александар Тодески

Мицкоски призна дека седел во ресторан во Дебар Маало, вели дека не ги знаел протоколите

×

Следете не