Ден

Пендаровски ќе учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција во Минхен

Претседателот Стево Пендаровски учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува викендов во Минхен.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, предвидено е утре да се обрати на конференцијата и да има средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција учествуваат над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

– Меѓу најавените учесници на собирот се американскиот државен секретар Мајк Помпео, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, членови на Европската комисија итн., се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, вчера во Минхен, на маргините на конференцијата, оствари билатерални средби со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа, со претседателот на Република Молдавија, Игор Додон и со премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Можеби ќе ве интересира:

Мицкоски со предлог за „шпицен кандидати“ за мандатар на идната влада, Заев ќе биде носител на листа во четвртата ИЕ

Две лица сомнителни за инфицираност со коронавирусот побегнале од Штипската болница

Ременски: Поднесов 16 кривични пријави против 6 министри и експремиер, затоа сум обвинета за „Рекет 2“