Connect with us

Магазин

Пешачење за слабеење: Дали е можно и колку треба да испешачите?

Физичката активност на многумина им е тешка и не е дел од нивните навики и рутини, па се обидуваат да компензираат со повеќе пешачење, за да се согорат оние вишок калории насобрани по празниците.

Секако, пешачењето е најлесната и најдостапната активност, која не бара вложување на многу сила и енергија, а сепак дава резултати. Но, под кои услови?

  1. Поминете повеќе од 15.000 чекори дневно

Денеска со мобилните телефони и паметните часовници лесно е да изброиме и имаме увид во тоа колку пешачиме. Иако ви се чини како голема бројка, во овие чекори влегуваат и оние кои ги правите за до кујна или тоалет, до продавница, дури и обичните прошетки. Сепак, ова се вежби со низок интензитет и доколку вклучите некоја дополнителна активност, нивниот број ќе се намали.

  1. Правете повеќе пократки прошетки

Нивната ефикасност е повисока отколку на една долга. Наместо да пешачите еден час, направете го тоа двапати во денот по 30 минути или доколку можете, трипати по 20 минути. На овој начин го одржувате телото активно во текот на целиот ден.

  1. Практикувајте и брзо одење

Додека пешачите, внесете и интервали со побрз ритам на одење, за да согорите повеќе калории. Тоа може да трае една или две минути, а со текот на времето ќе можете и да го зголемите бројот на брзи интервали.

  1. Почнете да додавате и вежби

Лесни вежби за истегнување, склекови или каква и да е дополнителна вежба ќе помогне побрзо да ги зацврснете мускулите и самите тие да трошат од масното ткиво за да можат да се зацврснат.

  1. Ограничете го внесот на калории

Познатите модели се на рестриктивни диети од околу 1.500 калории во текот на денот. Сепак, во просек се потребни од 1.900-2.200 калории за лице кое оди на работа и се грижи за домот, а притоа практикува и одредена физичка активност. Намалувањето на внесот на калории, заедно со физичката активност, доведуваат до сигурно губење на дел од вишокот килограми. Во празничниот период еден оброк може да има дури и повеќе од 2.200 калории, што значи дека ќе ви треба повеќе вежбање за да се потроши вишокот.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement