Ден

Пејачката има ново момче со кое заедно ја поминува изолацијата

Деми Ловато повторно е во среќна врска, пишува Elle.

Имено, како што рекол извор близок до пејачката за E!, Деми неколку недели е во врска со актерот Макс Ехрич, познато по улогата во The Young and the Restless.

„Деми и Макс се заедно во карантин во нејзиниот дом. Двајцата многу добро се сложуваат и среќни се. Макс не сака забави и важен му е здравиот живот па тоа добро влијае на Деми“, рекол изворот.

Иако официјално не ја објавија врската, Макс објави фотографија под која напиша: „Ова кога ќе сфатиш дека си требал да спакуваш повеќе облека за карантин на гости“, а Деми во коментар му порачала дека тоа ѝ одговара.

Освен тоа, Макс објави фотографии со кучињата на Деми, што дополнително го потврдува фактот дека тие заедно ја поминуваат изолацијата.

Можеби ќе ве интересира:

Најздравиот пијалак од ѓумбир и куркума

Опра донира 10 милиони долари за борбата со пандемијата

Евровизија ќе има, но само како телевизиско шоу

×

Следете не