Ден

Пинк и нејзиниот син го прележале коронавирусот

Познатата американска пејачка Пинк и нејзиниот тригодишен син се позитивни на коронавирусот, објави таа на официјалниот Твитер профил.

Симптомите ги добиле пред 2 недели, а тестот покажал дека се позитивни на Ковид-19. Сега, после 14 дена и двајцата се излечени, односно на контролните тестови, резултатите биле негативни.

„Болеста е сериозна и вистинска. Луѓето мораат да знаат дека болеста ги фаќа и младите и возрасните, здравите и болните, богатите и сиромашните и мора тестирањето да биде бесплатно и подостапно“, пишува пејачката.

Таа посочи дека во име на нејзината мајка, која 18 години работела во болницата во Филаделфија, таа донира 500.000 долари, како и исто толкава сума во кризниот фонд за Ковид-19 на Лос Ангелес.

„Овие две недели се најбитни. Ве молам, останете дома“, вели Пинк.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Анастасија со нова балада за сите девојки кои биле повредени во љубовта (ВИДЕО)

Опра донира 10 милиони долари за борбата со пандемијата

×

Следете не