Ден

Пожар избувна во фабрика за сокови во Охрид

Пожар избувна вчера во фабрика за сокови во Охрид. Во инцидентот нема повредени, а предизвикана е материјална штета.

Според информациите на СВР-Охрид, вчера во 01.55 часот, во фабрика за сокови лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, се појавил пожар. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот зафатил неколку пластични и гумени предмети по што, бил изгаснат од чуварската служба.

Во пожарот нема повредени лица а предизвикана е мала материјална штета.

Можеби ќе ве интересира:

Скопјанец со коронавирус починал на пат кон болницата „8-ми Септември“

Затвореник во „Идризово“ пронајден мртов

Тројца натепале 50-годишен скопјанец по претходна расправија

×

Следете не