Ден

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Техничкиот премиер Оливер Спасковски на неговиот фејсбук профил објави дека за овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11 часот до вторник, до 5 часот.

– Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, пишува Спасовски

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не