Connect with us

Свет

Поминаа 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

И по 35 години, градот Припијат, каде беше лоцирана некогашната нуклеарна централа Чернобил е празен, град на духови, радијацијата се уште е екстремно висока, а постојат само туристички тури кои се одвиваат под строги правила и прописи.

Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев експлодираше на 26 април 1986 година, кога радиоактивниот материјал беше исфрлен високо кон небото.

Советските власти ја влошија катастрофата не успевајќи да и кажат на јавноста што се случило.

Иако блискиот град Припјат беше евакуиран следниот ден, два милиони жители на Киев не беа информирани и покрај опасноста. Остатокот од светот дозна за катастрофата дури откако беше откриено зголемено радиоактивно зрачење во Шведска.

Во 2019 година остатоците од електраната беа покриени со штит кој ја намали радијацијата. Поради серијата „Чернобил“ на ХБО, порасна и интересот на туристите да го посетат ова место. Радијациските дози се значајно намалени, но се уште е небезбедно да се развиваат сместувачки капацитети и туристите да остануваат подолго од час до два.

Долгорочните ефекти врз здравјето на луѓето остануваат предмет на интензивна научна дебата.

Иако не живеат луѓе, изненадувачки е што живиот свет останал и се адаптирал на тие услови.

Според научниците, животните биле многу поотпорни на зрачење отколку што се очекувало и можеле брзо да се прилагодат на силното зрачење.

Реакторите во Чернобил треба да бидат демонтирани до 2064 година.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement