Connect with us

Македонија

Попишани над еден милион граѓани

Во тек е најголемата статистичка операција во Македонија, пописот на населението. Попис во државата немало речиси 20 години, доколку не се брои неуспешниот обид од 2010/2011 година.

Вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement