Ден

Поради состојбата на Трајковски, „ТНТ“ одложен за 20 јануари

Судењето за уривањето на комплексот „Космос“ е одложено за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира:

Да се искористат сите програми за ракот на грлото на матката да се открие во рана фаза

Stefanija Kuzmanovska

Петровска: Чулев да објасни за 12.000 евра потрошени во Агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на Ѓорге Иванов

Stefanija Kuzmanovska

Које Сотир Костов, „експертот“ за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ?

Влатко Зорба