Ден

Посмртно дијагностицирана жена од Куманово, прв смртен случај од коронавирус во Македонија

Го имаме првиот смртен случај, кој посмртно беше дијагностициран синоќа. Се работи за жена на 57 години од Куманово, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Наврмено и се земени два теста, но покажале негативен резултат. И покрај тоа, таа била во изолација. Третманот траел изминатата недела. По констатација на смртта, вчера е земен повторно брис и тој бил позитивен. Третиот брис е земен заради нагло влошување на ситуацијата“, посочи Филипче.

Министерот кажа дека е хоспитализиран нејзиниот син, кој има 33 години и имал влошување на ситуацијата, а е префлрен на Клиниката за инфективни болести и во моментов е во стабилна здравствена состојба.

 

Можеби ќе ве интересира:

Шест смртни случаи од коронавирусот во земјава

Филипче: Негативни се тестовите на сместените во државниот карантин

Берта Китинска

Филипче: Смртта на 31-годишниот пациент кажува дека вирусот не штеди никого

Берта Китинска
×

Следете не