Ден

По одвикнувањето: Актерката Хедер на прошетка со семејството

Проблематичната актерка Хедер Локлир веќе подолго време се бори со зависности и веќе три пати беше сместена во установа за одвикнување од алкохол. Моментално таа е заедно со семејството во самоизолација.

Се чини дека семејството ѝ е најголема поддршка за да остане трезна и да стои што подалеку од опијатите. Со момчето Крис Хеисер, ќерката Ава Самбор и нејзиното момче, на кратко „побегна“ од карантинот и прошета во Вестлејк Вилиџ во Калифорнија.

Актерката била во лежерно издание, како и остатокот од семејството, облечена во бела маичка и тесни тренирки и патики.

Хедер своето момче го запозна уште во средно училиште, но дури неодамна се споиле. Минатата година имаа караница во која Хедер го истепа и исфрли од дома.

Актерката во последните неколку години ги полнеше насловните страници со своите зависности и скандали кои ги правеше во алкохолизирана состојба. Пред две години, два пати беше уапсена бидејќи во алкохолизирана состојба се расправала со полицијата. Потоа, по судска одлука беше во клиника а одвикнување. Еднашка беше уапсена бидејќи ја гушела својата мајка Дијана.

Можеби ќе ве интересира:

Најздравиот пијалак од ѓумбир и куркума

Опра донира 10 милиони долари за борбата со пандемијата

Евровизија ќе има, но само како телевизиско шоу

×

Следете не