Ден

Преку спотови ќе се покажува што значи пациент на респираторна машина

Размислуваме за поагресивна кампања, да покажеме што значи пациент на респираторна машина, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, дел од граѓаните не веруваат во сериозноста на вирусот или дека тој воопшто постои затоа што здравствениот систем добро го изменаџирал делот со хиспитализирање.

,,Во Италија имаше редици на возила на Брзата помош зошто немаа место да ги сместат заболените. Ние во тој дел успешно се справивме”, рече Филипче.

Тој смета дека мора да се оди кон нормализирање на животот, односно дека следува отворање на границите, а потоа и на аеродромите.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не