Ден

Премиерот Спасовски најверојатно оди во домашна самоизолација

Премиерот Оливер Спасовски најверојатно ќе треба да биде во 14дневна самоизолација поради контактот со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која утрово соопшти дека е позитивна на коронавирусот, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека се чекаат резултатите од неговото тестирање по што официјално ќе биде соопштено дали и како ќе се постапува.

Во самоизолација се голем дел од функционерите на СДСМ, откако кај освен Лукаревска, коронавирус беше дијагностициран кај потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за пациенти заразени со коронавирус

×

Следете не