Ден

Преминувањето кон електрични возила може да ја чини Германија до 410.000 работни места до 2030 година

Повеќе од 400.000 работни места во Германија се под закана заради електричните возила

Преминувањето кон електрични возила може да ја чини Германија до 410.000 работни места до 2030 година, објави „Ханделсблат“, повикувајќи се на владини советници.

Само во индустријата за мотори ќе бидат ставени во ризик околу 88.000 работни места, се вели во публикацијата, повикувајќи се на извештај од Националната платформа за иднината на мобилноста (NPM), вели владин советодавен совет.

Електричните мотори се направени од помалку делови и бараат помалку одржување од моторите со внатрешно согорување, што ќе доведе до отпуштања, се вели во извештајот.

Производството на возила ќе биде дополнително автоматизирано и нема да биде доволно за одржување на сегашното ниво на работа, јавува Ханделсблат, повикувајќи се на претседателот на NPM, Хенинг Кагерман.

Во 2018 година, вработеноста во германската автомобилска индустрија достигна 834.000, што е највисоко ниво од 1991 година.

Главното тело во индустријата за автомобили во Германија (ВДА), кое во декември предупреди на намалување на работните места во 2020 година, поради падот на глобалната продажба на автомобили, рече дека предвидувањата на NPM се засновани на „нереално крајно сценарио“.

Индустријата, важен двигател за раст во најголемата економија во Европа, ги забрзува своите планови за лансирање електрични возила, под притисок од стремежот на Европската унија за понатамошно намалување на емисијата на јаглерод диоксид.

Можеби ќе ве интересира:

„Боинг“ бара спас во банките по несреќите на авионите „737 макс“

Влатко Зорба

Арсовска – Заев: Приоритет број еден на СССК е справувањето со сивата економија

Влатко Зорба

Раст на кредитите и депозитите во декември минатата година

Stefanija Kuzmanovska