Преспанскиот договор не е прекршен ниту со кодот МКД, ниту со твитот на Заев

Откако грчката страна побара, а УЕФА го одби барањето, фудбалерите согласно Преспанскиот договор беа претставувани со кратенката МКД. За ФФМ пак, премиерот Зоран Заев најави дека согласно меѓународниот договор, ќе треба да го промени името во Фудбалска федерација на Северна Македонија, прекорен дека на социјалната мрежа „Твитер“ напишал македонската фудбалска федерација.

„Ден“ повторно го анализираше Преспанскиот договор, каде пак во член 7 стои дека двете страни можат да ги употребуваат термините „Македонија“ и „македонски“, бидејќи и за Грција и за Македонија тие имаат различно значење.

Член 7 од Преспанскиот договор

  1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. 
  2. Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден. 
  3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). 

Во договорот исто така стои дека кодовите на земјава остануваат МК и МКД, освен за регистарските таблици на возилата, каде стои кодот НМК.

Со реакцијата на Грција пак, се покажува непочитување на последната точка од членот 7, каде е наведено дека „ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни“.

Овие „удари“ од грчката страна доаѓаат по неколкумесечните преговори со соседна Бугарија, од каде исто така има обиди да се толкува договорот за добрососедство кој го потпишаа македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов, што за Македонија требаше да значи уште едно откочување во преговорите со Европската Унија.

loading...

Останати вести

Посетителите на замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирус на лице место

Elena Daskalova

Нема доволно пратеници во Собранието за да се гласаат предложените закони

admin

Што сè треба да знаете за Телеграм како апликација?

Elena Daskalova