Ден

Приведени над 102 лица кои не го почитувале полицискиот час

При вчерашниот полициски час, кој започна од 16 часот, 263 лица не ја почитувале оваа мерка.

-Полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом, велат од МВР.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.

Можеби ќе ве интересира:

Сто и еден новозаразен од коронавирус, само во Скопје нови 59 случаи

Александар Тодески

Таравари: Имаме поголема смртност од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора заедно

Милошоски: Справување со коронавирусот па датум за избори

Александар Тодески
×

Следете не