Приведен државјанин на Албанија за фалсификувана возачка дозвола

Вчера на Граничен премин Ќафасан З.П.(26) од Р.Албанија, при влез во Република Северна Македонија, употребил грчка возачка дозвола, во чија оригиналност се посомневале полициските службеници.

Во консултација со Основното јавно обвинителство Струга и извршеното криминалистичко-техничко вештачење на спорната возачка дозвола, утврдено е дека истата е фалсификувана.

Тој е приведен, а од страна на ОПКМСР-Струга до ОЈО Струга е поднесена кривична пријава по член 378 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, додека од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Струга на З.П. му е одредена мерка притвор.

loading...

Останати вести

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка

admin

Почна чистењето на опожарениот Глобал

admin

Пендаровски: Згрозени сме од „Јавна соба“, да дејстуваме веднаш

admin