Ден

Принцот Чарлс излезе во јавност, причината е благородна

Принцот Чарлс се огласи за прв пат откако беше дијагностициран со коронавирусот. Објавено е видео на кое, виртуелно, им се придружи на илјадниците луѓе ширум Британија кои ракоплескаа во чест на медицинскиот персонал.

Видеото на кое Чарлс и Камила, одвоени еден од друг, ракоплескаат е објавена на профилот на Клеренс Хаус, официјалната резиденција на Камила и Чарлс.

https://www.instagram.com/p/B-PNTNLHZ3O/

Принцот Чарлс засега има само благи симптоми и се чувствува добро, рекол неговиот портпарол. Неговата сопруга, војвотката од Корнвел, се тестирала и не е заразена. Чарлс и Камила сега се наоѓаат во самоизолација во дворецот Балмор.

Можеби ќе ве интересира:

Како да исчистите пегла која загорела?

Во продажба е најновото издание на енигматскиот магазин „Лавиринт“

Александар Тодески

Интервју со Ристиќ: Состојбата со фрлањето ѓубре е полоша, но има повеќе граѓани кои прават акции

×

Следете не