Ден

Принцот Чарлс може да излезе од самоизолација

Принцот Чарлс закрепнува од заразата со коронавирус и сега може да ја напушти самоизолацијата, откако помина седум дена во карантин.

Неговата сопруга Камила Паркер Боулс е негативна на тестовите за коронавирус. Според Бакингемската палата, принцот се чувствува добро и ги применува сите совети, но и ги почитува рестрикциите кои британската власт ги усвои.

„Куќата Кларенс потврдува дека принцот, по консултации со лекар, може да ја напушти самоизолацијата“, се вели во соопштението.

Тој беше седум дена во карантин во Биркхол. Според инструкциите на британската власт, секој кој чувствува симптоми мора да се самоизолира седум дена, а останатите од семејството треба да се изолираат 14 денови, наведува Би-би-си.

Можеби ќе ве интересира:

Во продажба е најновото издание на енигматскиот магазин „Лавиринт“

Александар Тодески

Интервју со Ристиќ: Состојбата со фрлањето ѓубре е полоша, но има повеќе граѓани кои прават акции

Какви ритуали имаат познатите пред спиење?

×

Следете не